Домашни тестови за бременост

Читајте меѓу редови

Кога да се тестира и што може да значат резултатите

Иако главоболките, гадењето и пропуштенaта менструација може да бидат знаци на рана бременост, единствениот начин да се потврди тоа е да се направи домашен тест за бременост. Дознајте кога и како да го направите тестот за најточен резултат.

 

Дали сум бремена?

Околу шест дена по оплодувањето, клетките кои ќе станат плацентата почнуваат да произведуваат хормон наречен hCG (хуман хорионски гонадотропин) 1. По две недели - веројатно околу времето кога требало да ви дојде менструацијата - нивоата на hCG треба да бидат доволно високи за да може со тестот за бременост да се открие во вашата урина.

Кога и како да се направи тест

Домашниот тест за бременост што ќе го изберете ќе има свој сет на упатства, но многумина предлагаат да го направите наутро - особено ако тестирате рано. Ако тоа не е можно, обидете се претходно да не пиете многу течности бидејќи тие може премногу да ја разредат урината и да не дадат точен резултат.

Тестовите се дизајнирани да детектираат зголемени нивоа на хормони во урината

Тестовите се дизајнирани да детектираат зголемени нивоа на хормони во урината, така што ќе треба или да го потопите тестот во стерилен сад со урина или да го ставите во млазот на урина додека мокрите. Во секој случај,потоа  ќе треба да почекате ,наизглед многу долги, неколку минути за резултатот.

pregnancy test

Толкување на резултатот

Повеќето домашни тестови за бременост може да кажат дали сте бремени или не на првиот ден од пропуштениот циклус. Но, различните брендови покажуваат позитивни и негативни резултати на различни начини, затоа секогаш читајте ги упатствата. Некои ќе покажат розова или сина линија за позитивен, или симбол плус Можете исто така да купите дигитални тестови на кои е наведено „бремена“ или „небремена“ на екранот за тестирање.

Лажно негативен резултат

Постојат неколку причини зошто може да добиете негативен резултат. Прво, можеби не сте бремени. Или можеби не правите доволно високи нивоа на hCG за тестот да го открие. Ова може да се случи ако тестирате премногу рано. Значи, ако се сомневате дека сте бремени, почекајте најмалку три дена пред повторно тестирање.

Следните чекори

Домашните тестови за бременост сега се толку точни што обично не е неопходно да се направи тест на крвта за hCG кај вашите лекари. Меѓутоа, ако сте бремени, ќе треба да го информирате вашиот матичен лекар/гинеколог за да може да започне со планирање на вашата пренатална нега.

Поврзани написи

1. NHS UK. 2013 Available at http://www.nhs.uk/chq/pages/948.aspx?CategoryID=54&SubCategoryID=127 [Accessed June 2015]
reference text

Last reviewed: 4th July 2016

Контактирајте со нас

Можете да не контактирате и да ги поставите вашите прашања на нашите социјални медиуми.

Facebook

Email

Телефон

x