Колики кај бебињата

Коликите се чест проблем кој погодува до едно од пет бебиња и влијае на бебињата без разлика дали се доени или хранети со шише, или комбинација од двете.

Справувањето со бебе со колики/грчеви може да биде исцрпувачко и загрижувачко. Но, вашето бебе кое има колики не значи дека не е добро или дека правите нешто погрешно. Една од најважните работи што треба да се знае е дека нема долгорочни ефекти. Така, иако коликите може да бидат многу стресени за справување, можете да бидете сигурни дека тоа не е нешто за што треба да се грижите.

dr-punam-krishan

Dr Punam Krishan

colic-pod

Значи, што е колики кај бебињата? Овде ќе најдете повеќе информации за симптомите на колика кај бебињата, како да се третираат колики кај бебињата и различните работи кои обезбедуваат олеснување на колика кај бебињата. Исто така, има неколку совети за смирување и утеха на бебето со колика.

Што се колики кај бебињата?

Плачењето кај бебињата  е нешто сосема очекувано кога станува збор за родителството. Меѓутоа, ако откриете дека вашето бебе плаче повеќе од три часа на ден, три дена од секоја недела, подолго од една недела, можно е да имате работа со бебе со колики/грчеви.

Коликите се дефинирани од страна на NHS како „кога бебето плаче многу, но нема очигледна причина“.

На која возраст бебињата добиваат колики?

Коликите може да започнат кога бебето има само неколку недели и обично престануваат кога ќе наполни 6 месеци.

Што предизвикува колики кај бебињата?

Што предизвикува колики кај бебињата е нејасно, но една можна причина е фактот дека на бебињата им е потешко да ја варат храната кога се мали.

Бидејќи не постои дефинитивна позната причина за колики/грчеви, ниту специфичен третман, покорисно е да се фокусирате на симптомите и како можете да се грижите за себе и за вашето бебе додека се справувате со нив.

Симптоми на колики кај бебињата

Општо земено, знаците и симптомите на колики кај бебињата вклучуваат:

  • Интензивно плачење (обично повеќе од три часа на ден).
  • Стиснати тупаници.
  • Поцрвенето, црвено лице.
  • Свиткан на грб во форма на лак.
  • Стомаче исполнето со гасови.
  • Вашето бебе ги витка колената према стомакот.

Ако вашето бебе покажува некој од овие симптоми, важно е да разговарате со вашата патронажна сестра, фармацевт или педијатар за совет што да правите.

Исто така, корисно е да се забележи колку често вашето бебе плаче и времето што минува помеѓу хранењето и почетокот на симптомите. Тоа ќе му овозможи на вашиот здравствен работник да утврди дали вашето бебе има колики/ грчеви и да разговара со вас за достапните опции за да помогне во справувањето со нив.

Ако вашето бебе е помало од една година, зошто да не го пробате нашиот Проверувач на симптоми на бебиња?Тоа е корисна алатка за проверка на симптомите на вашето бебе и нуди многу практични совети.

Како да го смирите бебето со колики и да го спречите да плаче

Коликите/ грчевите кај новородените бебиња се карактеризира со чести и долги периоди на плачење. Оттука следи дека главното прашање што може да го имате како родител е како да нзправите бебето со колики да престане да плаче. Веројатно ова ќе биде проследено со прашањето како да се натера да спие бебе со колики.

Кога станува збор за смирување на вашето бебе, не постои една решение што одговара на сите, туку се работи за пробување различни работи за да се види што функционира. Еве неколку испробани и проверени методи за кои е познато дека обезбедуваат олеснување на коликите кај бебињата:

  • Користете нежни движења за нишање за да се обидете да го смирите вашето бебе - можеби обидете се да го лулате преку вашето рамо.
  • Експериментирајте со нивно држење во различни позиции и држете го вашето бебе исправено за време на хранењето и колку што е можно подолго потоа.
  • Користете цуцла со „брз проток“ ако се храните со шише – малите дупки во цуцлата може да доведат до голтање премногу воздух додека се храните.
  • Секогаш обидете се да ги истерате гасовите од стомачето на вашето бебе после хранење.
  • Обидете се да ги смирите со бел шум (на пр. фен, радио или ТВ во заднина).
  • Направете им топла купка и потоа завиткајте ги во топло ќебе.
  • Ставете го вашето бебе во количка и однесете го на прошетка.
  • Однесете ги на возење во автомобилот - движењето и брмчењето на моторот можат да бидат навистина смирувачки.
  • Направете им нежна масажа на стомакот или грбот.
  • Целосната масажата за бебиња со колики, исто така, може да биде опција која ќе ви помогне да го смирите вашето бебе со колики. Секогаш е најдобро да добиете помош од вашиот здравствен работник/сестра/лекар .
  • Давање на вашето бебе многу гушкања.

Ако се сомневате дека вашето бебе има колики, погледнете го нашето кратко видео за совети кои ќе ви помогнат да ги контролирате нивните симптоми.

Дали доените бебиња можат да добијат колики/грчеви?

Одговорот е да. Коликите се многу честа состојба која ги погодува бебињата без разлика дали се доени или хранети со млечна формула за доенчиња.

Колку долго траат коликите кај бебињата?

Коликите/ грчевите најчесто се јавуваат кај бебиња кои се некаде помеѓу неколку недели и четири месеци. Сепак, не е невидено коликите да продолжат додека вашето бебе не наполни околу шест месеци.

Која храна придонесува за колики кај бебињата?

Што предизвикува колики кај бебињата е во голема мера непознато. Поради ова, многу е тешко прецизно да се одреди храната што придонесува за колики кај бебињата или дали воопшто постои врска.

Ако доите, може да бидете во искушение да отстраните одредена храна, на пример млечни производи, од вашата исхрана ако се сомневате дека тие предизвикуваат одредена иритација на вашето бебе. Сепак, не се препорачува да правите какви било промени во вашата исхрана, вклучително и избегнување на одредени групи на храна, без претходно да разговарате со вашиот матичен лекар.

Ако вашето бебе се храни со млечна формула за доенче, можеби размислувате за промена на формулата. Некои специјални млечни формули за доенчиња се дизајнирани да им помогнат на бебињата со колики и други проблеми поврзани со стомакот, но повторно е најдобро да не правите никакви промени без претходно да разговарате со вашиот педијатар или друг здравствен работник.

Водете грижа за себе

Коликите може да бидат физички и емоционално исцрпувачки за родителите. Ако откриете дека грижата и заморот влијаат на вашиот секојдневен живот, важно е да ја добиете потребната поддршка и да одвоите малку време за вас. Еве неколку начини на кои можете да си помогнете себеси за да му помогнете на вашето бебе:

  • Разговарајте со вашата патронажна сестра или лекар, не само за вашето бебе со колики, туку и за тоа како се чувствувате.
  • Побарајте помош од пријателите и семејството за да можете да одморите, а ако ви е понудено, земете ја!
  • Обидете се да се одморите што е можно повеќе кога вашето бебе спие.
  • Прошетајте кратко со вашето бебе - промената на пејзажот навистина може да ви помогне и на двајцата.
  • Размислете за приклучување на локални групи за бебиња каде што можете да разговарате со други мајки. Многу брзо ќе сфатите дека не сте сами, а ако разговарате со некој со кој се наоѓа во истата ситуација може да биде вистински извор на поддршка.

  1. NHS Start 4 Life. Breastfeeding challenges - Colic [Online]. Available at: https://www.nhs.uk/start4life/baby/breastfeeding/breastfeeding-challenges/constipation/ [Accessed March 2021].
  2. National Health Service (NHS). Colic [online] 2018. Available at https://www.nhs.uk/conditions/colic/. Accessed April 2021.
  3. National Health Service (NHS). Colic [online] 2018. Available at https://www.nhs.uk/conditions/colic/. Accessed April 2021.
  4. National Health Service (NHS). Colic [online] 2018. Available at https://www.nhs.uk/conditions/colic/. Accessed April 2021.
  5. National Health Service (NHS). Colic [online] 2018. Available at https://www.nhs.uk/conditions/colic/. Accessed April 2021.
  6. https://www.nct.org.uk/sites/default/files/related_documents/Colic%20in%20babies-%20evidence%20based%20briefing%20%282007%29_1.pdf 
  7. National Health Service (NHS). Colic [online] 2018. Available at https://www.nhs.uk/conditions/colic/. Accessed April 2021.
  8. NCT. Coping with colic symptoms [Online]. 2018. Available at: https://www.nct.org.uk/baby-toddler/crying/my-baby-wont-stop-crying-coping-colic-symptoms [Accessed February 2021].
  9. NHS Choices. Colic [Online]. 2014. Available at: www.nhs.uk/Conditions/Colic/Pages/Introduction.aspx [Accessed February 2021].
  10. National Childbirth Trust (NCT). my baby won’t stop crying: coping with colic symptoms [online]. Available at https://www.nct.org.uk/baby-toddler/crying/my-baby-wont-stop-crying-coping-colic-symptoms#:~:text=These%20episodes%20last%20for%20more,are%20no%20long%2Dterm%20effects. Accessed April 2021.
  11. National Health Service (NHS). Types of formula [online] 2019. Available at https://www.nhs.uk/conditions/baby/breastfeeding-and-bottle-feeding/bottle-feeding/types-of-formula/. Accessed April 2021.

Last reviewed: 09th June 2021
Reviewed by Dr Punam Krishan

Контактирајте со нас

Можете да не контактирате и да ги поставите вашите прашања на нашите социјални медиуми.

Facebook

Email

Телефон

x