Нашиот калкулатор за овулација може да ви помогне да сфатите кога ќе бидете најплодни.
Калкулатор за овулација, дали имам овулација?
Кога е најдобро време за забременување?
Ако сакате да го знаете најдоброто време за зачнување, клучно е да го разберете вашиот менструален циклус и датумот на кој најверојатно ќе имате овулација.
Калкулатор за овулација
Кога беше првиот ден од вашата последна менструација?
Која е просечната должина на вашиот циклус?
Денови
Овој калкулатор ќе ви даде груба претстава за тоа кога можеби имате овулација. За попрецизни показатели, погледнете ги вообичаените знаци на овулација, како може да помогнат графиконите на вашата температура и како да се користат комплетите за тестови за овулација.
Овулацијата обично се случува околу две недели пред почетокот на менструацијата, а најверојатно ќе забремените ако имате многу секс во деновите пред тоа.
Разбирање на вашиот менструален циклус
Вообичаени знаци на овулација
Како што се приближува овулацијата, може да забележите некои физички промени. Тие вклучуваат:
- Зголемување на вагиналната слуз, заедно со промена на конзистентноста што може да направи да изгледа како белка од јајце
- Малку покачена температура
- Стомачна болка
- Чуствителни гради
- Инерменструални крварења
- Чувство на надуеност
Пресметување на датумите на овулација ако имате неправилни менструации
Неправилните менструации го прават предвидувањето на овулацијата понесигурно. Ако не можете да ги темпирате сексуалните односи околу овулацијата, може да ви помогне да имате секс на секои 2 или 3 дена во текот на вашиот циклус.
Науката зад цртањето на графикони за вашата температура, Обезбедено од Nutricia
Пред овулацијата, температурата на вашето тело малку се намалува. По овулацијата се зголемува за околу 0,2°C. Запишувањето на базалната температура (ова е температурата на телото во мирување) со специјален базален термометар (достапен од поголемите аптеки или супермаркети) пред да станете секое утро (дури и пред да прозборите), може да ви помогне да утврдите кога сте најплодни. Неколку дена пред да ви се зголеми температурата го означува времето во кое овулирате.
Како функционираат комплетите за тестови за овулација?
Комплетите за тестови за овулација се уште еден начин да се пресмета кога овулирате. Тие работат со тестирање за зголемени нивоа на лутеинизирачки хормон (LH), кој може да се открие во вашата урина непосредно пред овулацијата. Можете да ги најдете во поголемите аптеки или супермаркети.
поврзани статии
Дознајте повеќе за зачнувањето
- NHS. (2014). How can I tell when I’m ovulating? Available from: https://www.nhs.uk/chq/Pages/982.aspx?CategoryID=50[Accessed July 2015]
- Fertility Education & Training. (2011). Charting your fertility cycle. http://www.fertilityet.org.uk/pdfs/Charting-Your-Fertility-Cycle.pdf[Accessed July 2015]
- Patient. (2015). Natural family planning. http://patient.info/health/natural-family-planning [Accessed July 2015]
Last reviewed: 23rd September 2019