Калкулатор за датум на породување

Колку недели сум бремена?

Нашиот калкулатор за термин за породување ќе ви помогне да одредите кога веројатно ќе пристигне вашето бебе, за да можете да започнете да планирате однапред. Повеќето бебиња пристигнуваат во рок од една недела од датумот на породување.

Пресметајте го датумот на породување на вашето бебе

Кога беше првиот ден од вашата последна менструација?

Make sure the date you entered is within the last 9 months.

Која е просечната должина на вашиот менструален циклус?

Пресметајте повторно

Пресметајте го вашиот датум на породување

Вашиот датум на породување е

8 april 2018

Вие сте во недела

Јас сум за уште една недела

37-weeks-pregnant

Вашиот датум на породување е начин на предвидување на временски период кога би можеле да започнете со породување, врз основа на тоа кога сте зачнале. Тоа е корисен начин за следење на растот на вашето бебе, или со преглед на вашиот стомак или со ултразвучен преглед (што е попрецизно бидејќи ја мери големината и развојот). Тоа е, исто така, начин на вашата акушерка или лекар прецизно да ја планира вашата нега во однос на посети, тестови на крвта и снимања (кои се важни, на пример, да се интерпретираат крвни тестови за рана бременост за ризикот од вродени абнормалности).

Повеќето бебиња се раѓаат доносени, што е помеѓу 37 недели (259 дена) и 42 недели (294 денови), период познат како „термин“, кога бебето достигна целосна зрелост. Во просек, повеќето бремености траат околу 40 недели - што е 38 недели по зачнувањето или 280 дена. Сепак, никој не може точно да предвиди кога би можеле да започнете со породување и да го родите вашето бебе (или бебиња!). Ако очекувате близнаци или тројки, голема е веројатноста дека ќе се породите многу пред вистинскиот „термински“ датум.

Откако ќе го знаете датумот на породување, може да ви помогне да се подготвите и планирате за вашето породување и раѓање, како и да го подготвите вашиот дом за вашето бебе.

Од каде доаѓа „40 недели“?

Најчестиот начин за пресметување на датумот на породување е да го поставите на 40 недели (280 дена) после последната менструација на жената. Ова е познато како Негеловото правило, по германскиот акушер Франц Карл Негеле (1778-1851) кој го објавил методот во 1806 година. Тој предложи да се земе првиот ден од последната менструација на идната мајка, да се додаде една година, да се одземат три месеци и да се додадат седум дена, иако науката зад она што тој го кажа не е јасна.

Важно е да се запамети дека вашиот „датум на породување“ не е "запечатен", туку всушност е проценка за тоа кога би можеле да родите - додајте или одземете 2 недели!

Како да го пресметате датумот на породување

Unless you've been keeping track of when you ovulate, it’s hard to work out when you conceived, and therefore, when your baby will arrive. Our due date calculator uses the date of your last period and the average length of your menstruation cycle to calculate your due date.

Пресметување на датумот на породување според последниот циклус:

Пресметувањето на датумот на породување според првиот ден од последната менструација (ППМ) функционира добро за жени кои имаат релативно редовен менструален циклус. Но, ако вашиот циклус е неправилен, методот ППМ може да не функционира за вас.

Се потпира на тоа точно да го запомните датумот на вашиот првиот ден од последната менструација  ППМ, да имате редовен циклус и да овулирате точно 14 дена пред вашите просечни менструални циклуси.

Повеќето бремености траат околу 40 недели (или 38 недели од зачнувањето), па обично најдобриот начин да се процени датумот на породување е да се избројат 40 недели, или 280 дена, од првиот ден од последната менструација (ППМ).

Друг начин да го направите тоа е да одземете три месеци од првиот ден од последната менструација и да додадете седум дена. Значи, ако вашата последна менструација започнала на 10 јули, би одбројале три месеци до 10 април, а потоа би додале седум дена, што значи дека датумот на породување ќе биде 17 април.

Пресметување на датумот на породување според датумот на зачнување:

Бидејќи човечкото јајце е способно да се оплоди само помеѓу 12 и 24 часа по овулацијата, датумот на овулацијата може да се земе како датум на зачнување. Значи, ако сте ја следеле вашата овулација и знаете точно кој ден сте овулирале, овој метод треба да функционира за вас. Само додадете 266 дена за да го добиете проценетиот датум на породување.

Но, дури и ако го знаете точниот датум кога сте имале секс, точниот датум на зачнување е тешко да се знае. Спермата може да остане жива во женското тело до 5 дена, а јајце клетката може да живее 24 часа откако ќе се ослободи од јајниците. Затоа, зачнувањето може да се случи неколку дена откако сте имале незаштитен однос, така што навистина треба да знаете кога точно сте овулирале, како и кога сте имале секс што резултирал со бременост - што е тешко.

Пресметување датум за бременост со ИВФ:

Во случаи кога датумот на зачнувањето е прецизно познат, како на пример со ин витро оплодување (ИВФ), проценетиот датум на породување се пресметува со додавање на 266 дена до датумот на зачнување ако сте имале ембрио трансфер на ден .

параграф „Но, зависи кој ден сте го направиле трансферот на ембрионот по оплодувањето:

3 дневен бластоцист - Датум на трансфер + 266 дена (или 38 недели) - 3 дена

*Понекогаш возраста на вашите ембриони е повеќе од 3 дена, па затоа е важно да се одземе точната возраст на ембрионите.

5 дена бластоцист - Датум на трансфер + 266 дена (или 38 недели) - 5 дена и така натаму…

pregnancy-mum-hands-on-bump-sofa-2

Колку се точни датумите на породување?

Иако датумите на породување ви даваат добра идеја за тоа кога вашето бебе може да пристигне, малку е веројатно дека вашето бебе ќе се роди токму на овој датум. Всушност, само 4% од бебињата пристигнуваат на нивниот термин – повеќето бебиња пристигнуваат во рок од една недела од датумот на породување - околу 90% од бебињата ќе пристигнат во 2 недели или пред или по предвидениот термин.

pregnancy-scan

Дали ќе ми се промени датумот на породување кога ќе направам ЕХО- ултразвучен преглед?

Ќе добиете попрецизен датум на породување штом ќе го направите ЕХО-ултразвучниот преглед. Ова обично се прави околу 12-та недела од бременоста и ќе се користи како последен термин кој ви е даден, особено ако има повеќе од 5-7 дена разлика помеѓу вашиот датум пресметан врз основа на вашата последна менструација и ЕХОто, или ако менструацијата ви била нередовна или штотуку сте ја прекинале хормоналната контрацепција пред да забремените - бидејќи е тешко да се знае кога точно сте овулирале. Нема да се смени ако сте имале ИВФ третман за зачнување, тогаш се знае точниот датум на зачнување.

Ултразвукот ја користи големината на фетусот за да ја одреди гестациската старост (времето поминато од првиот ден на последната менструација). Најточен е за одредување на датумот на породување ако се прави помеѓу 7 и 13 недели од бременоста. Порано од 7 недели и по 14 недели, мерењата не се толку прецизни во однос на пресметувањето на точната бременост.

Aко можам да го планирам мојот датум на породување?

Може да се обидете и да го планирате датумот на породување - ова се заснова на должината на вашиот циклус и овулацијата. Може да пробате онлајн калкулатор за овулација кој ќе ви помогне да го темпирате сексуалниот однос. Но, освен ако сте многу среќни и вашите менструации се исклучително редовни, а вие и вашиот партнер немате непознати фактори кои влијаат на плодноста, можеби нема да забремените точно кога сакате. Дури и ако имате, вашето бебе може да има други идеи и да дојде во различно време од предвиденото!

Науката зад пресметувањето на вашиот датум на породување, обезбедено од Nutricia

Овулацијата и зачнувањето обично се случуваат околу две недели по првиот ден од менструацијата, а просечната бременост трае помеѓу 37 и 42 недели. Користејќи ги овие информации, заедно со просечната должина на вашиот менструален циклус, можеме да го пресметаме вашиот проценет датум на породување.

Сепак, дури и жените кои имаат редовен менструален циклус од 28 дена може да не овулираат (да ослободат јајце) на 14-тиот ден од нивниот менструален циклус околу 20% од времето. Значи, ако има разлика од повеќе од 5 дена на мерењата според ултразвучниот преглед во споредба со датумот на вашата последна менструација, најверојатно ќе се користи пресметаниот датум добиен од ЕХО-ултразвучнен прглед.

поврзани статии

Дознајте повеќе за вашата бременост

  1. Jukic AM et al. Length of human pregnancy and contributors to its natural variation. Hum Reprod. 2013 Oct; 28(10): 2848–2855.

Last reviewed: 16th December 2021

Контактирајте со нас

Можете да не контактирате и да ги поставите вашите прашања на нашите социјални медиуми.

Facebook

Email

Телефон

x